Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер" со субвенции од Владата, во средата најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра. Откако ќе биде потпишан Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, според извршниот потпретседател на„ Виз Ер", Џон Стивенсон, инвестицијата за почеток со oперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места. Од 28 октомври годинава „Виз Ер" треба да почне со летови од Скопје кон Дортмунд и Ајндховен, а цената на билетите кои се веќе во продажба во еден правец со вклучени такси ќе изнесува 12,99, односно 17,99 евра. Двапати неделно унгарскиот авиопревозник ќе лета и кон Малме, Милано и Минхен од 29 октомври, за каде билетите ќе чинат по 17,99 евра и 8,99 евра.
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Виз Ер" со субвенции од Владата, во средата најави оперирање на шест нови дестинации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра.
Откако ќе биде потпишан Договорот за субвенционирање со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, според извршниот потпретседател на„ Виз Ер", Џон Стивенсон, инвестицијата за почеток со oперирање на новите дестинации ќе ги чини 80 милиони долари што ќе биде проследено со отворање 300 нови работни места.
Од 28 октомври годинава „Виз Ер" треба да почне со летови од Скопје кон Дортмунд и Ајндховен, а цената на билетите кои се веќе во продажба во еден правец со вклучени такси ќе изнесува 12,99, односно 17,99 евра.
Двапати неделно унгарскиот авиопревозник ќе лета и кон Малме, Милано и Минхен од 29 октомври, за каде билетите ќе чинат по 17,99 евра и 8,99 евра.
Трипати неделно ќе се лета за Базел од 30 октомври, а цената на билетот е, исто така, 17,99 евра.
Од следното лето, најави Стивенсон, „Виз Ер" ќе воведе летови и кон Брисел, а се размислува и за Рим и Барселона зависно од потребите на граѓаните.
Авиокомпанијата планира да ангажира работници од локалното население.
Првично, пилотскиот кадар ќе биде од друга земја, подоцна се планира ангажманна пилоти од Македонија.
За субвенционирање на „Виз Ер", македонската Влада согласно потпишаниот тригодишен Договор ќе одвои 306 милиони денари.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, рече дека дестинациите што се воведуваат од наесен со субвенционирањето на „Виз Ер" се атрактивни и ќе одговорат на потребите на граѓаните за патување низ Европа.